8
дек
2012
Американска пита во јаболко
Јаболките внимателно се длабат. Остатокот од внатрешноста се помешува со другите две сецкани јаболки на коцки, се додава цимет и мед. Се полнат јаболките со подготвениот фил. Тестото се замесува од брашното, прав шеќерот, малку омекнатиот путер и ренданата кора од лимон со малку вода. Се рассукува и се сече на ленти. Лентите се ставаат врз секоја јаболка и се формира плетка по избор. Се редат јаболките во длабок сад со вода. Се стават да се печат во рерна околу 20 минути покриени со фолија и уште 25 минути одкриени. Се служат изладени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови