Испечати

Американска пита во јаболко

Американска пита во јаболко

Состојки

  • 5 големи зелени јаболки - Грени Смит
  • 2 јаболки било какви
  • 1 лажица цимет
  • 2 лажици мед или малтекс
  • За тесто
  • 100 гр брашно
  • 40 гр путер или (маргарин, кокосово масло за посна варијанта)
  • 1/2 кора од лимон
  • 3, 4 лажици вода
  • 2 лажици прав шеќер

Подготовка

Јаболките внимателно се длабат. Остатокот од внатрешноста се помешува со другите две сецкани јаболки на коцки, се додава цимет и мед. Се полнат јаболките со подготвениот фил. Тестото се замесува од брашното, прав шеќерот, малку омекнатиот путер и ренданата кора од лимон со малку вода. Се рассукува и се сече на ленти. Лентите се ставаат врз секоја јаболка и се формира плетка по избор. Се редат јаболките во длабок сад со вода. Се стават да се печат во рерна околу 20 минути покриени со фолија и уште 25 минути одкриени. Се служат изладени.