Абесински колач
Некој го нарекува Агенза колач, некој Абесинец, кај мене е запишан како Абесински колач, кој на вкус ветува и исполнува многу...
1. Со миксер изработете ја белката со 225 гр. шеќер кој ќе го додавате постапно. Откако се смати во цврст снег додајте го брашното и мелените бадеми (ореви или лешници), ваш е изборот. Оваа смеса ставете ја во четвртаст прех во кој веќе сте ставиле хартија за печење, ставете во предходно загреана рерна 170 степени. Се пече околу 20 мин. Намалете ја температурата на 100 степени.
2. Додека се печи вие за тие 20 мин. подгответе ја смесата од жолчките. Со миксер изработете ги жолчките со 200 гр. шеќер да добиете густа смеса. Извадете го плекот од рерна и оваа смеса излијте ја врз кората и вратете назад во рерната. Темепратурата веќе ви е намалена и потребно е да се повече суши оваа смеса одколку да се печи.
Целото ова трае околу половина час, зависно од рерната, но секако проверете- со чепкалка или најобично со рака да го пипнете колачот ќе почувствувате дали е веќе целосно исушен, ако сметате дека е потребно уште, тогаш продолжете го времето на сушење.
Кога е готово - извадете и оставете да се лади.
3. Фил
225 гр. мелените ореви (бадеми илии лешници) измешајте ги со шеќерот и ванилата.
- Ставете млекото да зоврие и попарете ги. Зависно што ќе изберете да користите, значи треба да добиете густа смеса, па според тоа и малку повеќе или помалку млеко, лесно ќе познаете и ќе одредите.
- Изработете го маргаринот со миксер, па оладени попарени оревите додадете ги во маргаринот и измешајте да стане смесата компактна, се да се спои.
Со вака добиениот фил исфилувајте го колачот. Посипете со остатокот од мелените ореви.
Забелешка
Фотографии од постапка нема затоа што навечер неуспешно фотографирам и ниту една од сликите не е добра.
Ако сакате да колачот ви биде повисок и да го сечете на шнити, тогаш ставете го да се печи во помал плек.
- Добро поднесува замрзнување во фрижидер
Лиценца: Сите права се задржани
Mene mi se edni od najubavite starinski kolaci za Bozik