Денес ќе готвиме заедно со Валентина, готвач член на нашата веб-страница. Таа ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Вулкан пециво.

Пециво полнето со кашкавал и кулен, отворено од горната страна, па при печење добива изглед на вулкан.

Подготовка

Чекор 1: Во сад ставете 400 грама брашно, сол, шеќер, постепено додавајте вода и мешајте. Додадете го путерот и постепено додавајте го преостанатото брашно додека да добиете мазно тесто кое се одвојува од ѕидовите на садот. Оставете го да одмори половина час.

Чекор 2: Рерната вклучете ја на 200 степени.

Чекор 3: Тестото поделете го на 10 топчиња. Секое топче расукајте го во правоаголна или квадратна форма. Ставете по едно парче кулен, кашкавал, шунка, преклопете ги од секоја страна како плик и замотајте ги во ролат. Убаво залепете ги спојките.

Чекор 4: Ставете ја водата да врие. Откако ќе зоврие тргнете ја на страна и додадете сода бикарбона. Вратете ја касеролата на оган и секоја ролничка спуштете ја во водата по 30 секунди. Вадете ги со лажица решетка и ставете ги во тавата за печење.

Чекор 5: Со нож засечете ги длабоко, сечејќи го и полнежот. Наросете ги со сусам и печете ги 15 минути. Полнењето треба да почне да врие како вулкан.

Сервирајте додека се топли!

СОВЕТ: Можете да ги печете и без да ги варите, но поубави се кога се сварени и печени.