Truffel торта
Да ве почестам со мојата јубилејна торта за 400-от објавен рецепт на оваа прекрасна страница, која постојано ја буди креативноста, желбата и вољата да се зготви нешто ново и вкусно. Мои рецепти најдобри сте!
Поздрав до сите членки, готвачи, некои од нив веќе мои добри пријателки, кои несебично ја делат љубовта и искуството кон готвењето. Дружбата продолжува!
Подготовка за една кора, а вакви ви требаат три кори.
1. Пенасто матиме 4 белки, со постепено додавање на 4 лажици шеќер. Откако убаво ќе се изматат белките додаваме една по една жолчка, а миксерот го вклучуваме на најтивка брзина. На крајот додаваме 8 лажици мелени ореви и една лажица брашно, па лесно промешуваме
2. Печеме во округла тава бр. 26 намрсена и набрашнета или на хартија за печење или со 2-3 капки масло доколку имате Делимано тава. Печеме на околу 200 степени во загреана рерна некои 10-12 минути.
Толку ми беше мене потребно, зависи како ви пече рерната. Пробајте со чепкалка.
3. За подготовка на филот најпрво ги матиме јајцата со ванилиниот шеќер, со миксер, па подготвуваме садови и ставаме да се грее водата, бидејќи јајцата ќе ги готвиме на пареа.
4. Ги ставаме изматените јајца на пареа и постојано мешаме за да не се направат грутчиња. Откако ќе се сварат ги тргаме од пареа и додаваме коцки чоколадо, да се стопат со постојано мешање. Оставаме да олади.
5. Путерот пенасто го матиме и го мешаме со веќе изладениот фил од јајца. Одвојуваме 3-4 лажици од филот за премачкување на тортата и во останатиот поголем дел ги ставаме сечканите потпечени ореви.
6. Секоја печена кора ја преливаме со шербет кој многу кратко се варел и во кој сме ставиле сок од 1 портокал. Корите убаво го впиваат шербетот, па така можеме да ставаме од филот веднаш, а него сме го поделиле само на два дела. Ја филуваме тортата со останатиот фил (без ореви). Од страните ставаме ситно дробени ореви
7. За глазурата ја топиме чоколадата на тивок оган, заедно со путерот и маслото. Ја прелеваме веќе филуваната и изладена торта. Ги редиме пралините врз неа.
За да ја подготвите тортава прво треба да ги направите пралините, а рецептот ќе го најдете веќе објавен тука
Лиценца: Сите права се задржани
Драга Вале,
ти честитаме од срце за твојата енергија, веселост, труд, напредок, совршени рецепти и презентација. Среќни сме што те имаме како член на МоиРецепти, но, сметаме и како пријател.
За овој твој значаен јубилеј одлучивме да ти подариме Нутрибулет, екстрактор на хранливи состојки. Честитки!
Со нетрпение ги очекуваме твоите идни креации,
тимот на МоиРецепти
Е па пријатели мои, Мои рецепти, ви благодарам што постоите! Ви благодарам што ни дозволивте љубовта што ја имаме кон готвењето да ја споделиме со сите!
Не сакам да се повторувам во изјавите, ама навистина ми е драго што овде стекнав многу нови пријатели, кои ја негуваат истата желба и стремеж кон што подобра претстава за храната, со најразлични рецепти.
Прекрасно е чувството да си дел од ова друштво!
Хахаха...за пробување може да падне договор или пак на снимање да се снима еден исклучиво јубилеен рецепт :):):)
Уште еднаш ви благодарам за убавите зборови, за прекрасниот подарок, кој во моето семејство максимално ќе биде користен!!!
Ја поздравувам целата екипа !
Те чекам , задолжително правиме освежување :)
Da ne se povtoruvam, unikatna si! :-)