Truffel торта
Состојки
- За три кори
- 12 јајца
- 12 лажици шеќер
- 24 лажици мелени ореви
- 3 лажици брашно
- За фил
- 4 јајца
- 8 лажици шеќер
- 2 ванилин шеќер
- 100 гр чоколадо
- 100 гр сечкани и потпечени ореви
- 250 гр путер
- За шербет
- 1 шоља шеќер
- 1 шоља вода
- сок од 1 портокал
- За чоколадна глазура
- 50 гр чоколадо
- 2-3 лажици путер
- 2 лажици масло
- За пралини
- 125 мл слатка павлака
- 125 гр путер
- 250 гр чоколадо
- 100 гр бадеми или лешници
- кора од портокал или лимон
- 1 лажичка ликер од кафе
- За глазура за пралини
- 50 гр чоколадо
- 3 лажици масло
- За декорација
- неколку лажици какао
- неколку коцки бело чоколадо
- 50 гр печени и сечкани бадеми
Подготовка
Да ве почестам со мојата јубилејна торта за 400-от објавен рецепт на оваа прекрасна страница, која постојано ја буди креативноста, желбата и вољата да се зготви нешто ново и вкусно. Мои рецепти најдобри сте!
Поздрав до сите членки, готвачи, некои од нив веќе мои добри пријателки, кои несебично ја делат љубовта и искуството кон готвењето. Дружбата продолжува!
Подготовка за една кора, а вакви ви требаат три кори.
1. Пенасто матиме 4 белки, со постепено додавање на 4 лажици шеќер. Откако убаво ќе се изматат белките додаваме една по една жолчка, а миксерот го вклучуваме на најтивка брзина. На крајот додаваме 8 лажици мелени ореви и една лажица брашно, па лесно промешуваме
2. Печеме во округла тава бр. 26 намрсена и набрашнета или на хартија за печење или со 2-3 капки масло доколку имате Делимано тава. Печеме на околу 200 степени во загреана рерна некои 10-12 минути.
Толку ми беше мене потребно, зависи како ви пече рерната. Пробајте со чепкалка.
3. За подготовка на филот најпрво ги матиме јајцата со ванилиниот шеќер, со миксер, па подготвуваме садови и ставаме да се грее водата, бидејќи јајцата ќе ги готвиме на пареа.
4. Ги ставаме изматените јајца на пареа и постојано мешаме за да не се направат грутчиња. Откако ќе се сварат ги тргаме од пареа и додаваме коцки чоколадо, да се стопат со постојано мешање. Оставаме да олади.
5. Путерот пенасто го матиме и го мешаме со веќе изладениот фил од јајца. Одвојуваме 3-4 лажици од филот за премачкување на тортата и во останатиот поголем дел ги ставаме сечканите потпечени ореви.
6. Секоја печена кора ја преливаме со шербет кој многу кратко се варел и во кој сме ставиле сок од 1 портокал. Корите убаво го впиваат шербетот, па така можеме да ставаме од филот веднаш, а него сме го поделиле само на два дела. Ја филуваме тортата со останатиот фил (без ореви). Од страните ставаме ситно дробени ореви
7. За глазурата ја топиме чоколадата на тивок оган, заедно со путерот и маслото. Ја прелеваме веќе филуваната и изладена торта. Ги редиме пралините врз неа.
За да ја подготвите тортава прво треба да ги направите пралините, а рецептот ќе го најдете веќе објавен тука