Видео рецепт: Телешка чорба за трезнење
Фичо вели дека оваа чорба е одличен лек за мамурлук, но и за да ве згрее во студените денови!
Подготовка
Чекор 1: Кременадлите намачкајте ги со малку брашно и испржете ги. Со тоа ќе ги затворите порите и месото ќе биде повкусно. Потоа ставете ги да се варат околу час и половина (или помалку во Смарт лонецот).
Чекор 2: Кромидот, целерот, пашканатот и морковите исечкајте ги ситно. Додадете ги кромидот и лукот ситно исечкани, или изрендани, и сите зеленчуци пропржете ги со малку путер.
Чекор 3: Кога јунешкото месо ќе биде готово, извадете го да се олади, а течноста процедете ја во тенџерето со зеленчуците. Ситно исечкајте голем компир за да даде густина на чорбата. Додадете сол и бибер.
Чекор 4: Оладеното месо иситнете го и вратете го во чорбата за заедно да се готви околу 30 минути.
Чекор 5: За додатокот, лукот изрендајте го на најситната страна на рендето. Ситно исечкајте го магдоносот, измешајте ги и додадете оцет и маслиново масло. Фичо вели дека без овој додаток не бива чорба!
Чекор 6: Сервирајте во чинија и прелијте со додатокот. Внимателно, има многу лук!
СОВЕТ: Ако сакате погуста чорба, може да запржите малку брашно со зеленчуците.
Среќна Нова година ви посакувам на сите, на тимот на Моирецепти, на сите членки и посетители на оваа прекрасна страна!