Видео рецепт: Супа од пашканат и кари (Посна)
Пашканатот е прекрасен благ зеленчук од видот на репки... тој има одличен вкус кога е потпечен и прелиен со мед, но, исто така, е добар и за супи. Во овој рецепт комбинираме пашканат со кари, што ќе ве згрее во ладните денови.
Состојки
- Масло или путер за пржење
- 1 мал бел кромид
- 3 парчиња пашканат
- 2 супени лажици кари
- 300мл. супа од зеленчук/вода
- 75мл. млеко или павлака (по желба)
Вид на оброк: Предјадење
Комплексност: Лесно
Лица: 4
Време на подготовка: 30-60 мин.
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Касерола.
Подготовка
Чекор 1: Време е за сечкање – Излупете го пашканатот пред да го исечкате. Исечкајте го и кромидот и почнете со пржењето.
Чекор 2: Додадете го зеленчукот во тавата заедно со карито и пржете ги во путер или масло. За да направите супа не мора да го пропржувате зеленчукот, но вака има многу подобар вкус.
Чекор 3: Покријте ја супата од зеленчук и оставете ја да се вари 30 минути.
Чекор 4: Изблендирајте ја супата и подготвени сте да ја послужите. На крај додаваме малку млеко или павлака за поубав вкус и текстура.
Чекор 5: Сервирајте ја со неколку парчиња пашканат, а одозгора наросете малку кари за декорација.
СОВЕТ: Во овој рецепт карито може да го замените со кумин и дури и да додадете јаболко за дополнителен вкус. Може да испечете и чипс од пашканат за уште посилен вкус.
A kari obozavam.Ama ne mi teknalo da gi soedinam vaka :)ke probam