Пашканат
Хранливи вредности на пашканатот:
Пашканатот е близок роднина на морковите и се одгледува поради слаткиот, сочен корен. Овој коренест зеленчук наликува на другите членови од фамилијата apiaceae, како што се: моркови, магдонос, целер, ким, копар итн. Ботанички, тој припаѓа на фамилијата umbelliferae (apiaceae), во родот Pastinaca.
Pastinaca sativa е двегодишно растение кое се бере во студените месеци, а потекнува од медитеранските региони. Во првата година расте во височина од еден метар до 150 сантиметри и има развиени корења, кои обично се берат по првата слана. Ако се остави да расте, во втората година од животот, растението развива снопови од мали, жолти цветови, во форма на чадор и семки.
Месестиот корен заличува на морков, но има бела или кремаста боја и е поблаг од морковите. Сланата е клучна за подобра берба, бидејќи замрзнувањето на земјата претвара најголем дел од скробот во шеќери и ги зацврстува долгите парчиња. Обично се бере кога коренот ќе достигне големина од 15 до 25 сантиметри, преку искорнување на целото растение, исто како кај морковите.
Здравствени придобивки од пашканатот
- Во просек, пашканатот содржи повеќе шеќер од морковите, цвеклото и репката и има еквивалентна калориска вредност (75 калории во 100 грама) со некои овошја, како што се: банана, грозје, итн. Сепак, слатките и сочни корења се богати со повеќе корисни, хранливи фито-материи, витамини, минерали и растителни влакна.
- Пашканатот е еден од најдобрите извори на растворливи и нерастворливи растителни влакна. Во 100 грама пашканат има 4,9 милиграми или 13 проценти растителни вллакна. Соодветната застапеност на растителните влакна во исхраната помагаат во намалување на штетниот холестерол, прекумерната телесна тежина и олеснување на констапацијата.
- Како и кај морковите и другите членови од фамилијата apiaceae, пашканатот исто така содржи полиацетиленски антиоксиданси, како што се фалкаринол, фалкариндиол, панаксидиол и метилфалкариндиол.
- Неколку научни студии на универзитетот Њукасла покажаа дека овие состојки имаат антивоспалителни, антигабични и антиканцерогени својства и нудат заштита од рак на дебелото црево лимфобластна леукемија.
- Свежите корења исто така се богати со витамин Ц, обезбедувајќи околу 17 милиграми или 28 проценти од дневната препорачана доза. Витаминот Ц е антиоксиданс кој се раствара во вода. Помага во одржувањето на здравјето на сврзното ткиво, забите и непцата. Антиоксидантските својства помагаат во заштитата на телото од болести и рак, преку собирање на штетните слободни радикали.
- Исто така, богат е со витамини од Б-комплексот, како што се: фолна киселина, витамин Б6 (пиридоксин), тиамин и пантотенска киселина, како и витамин К и витамин Е.
- Дополнително, содржи и здраво количество од неколку минерали, како што се: железо, калциум, бакар, калиум, магнезиум и фосфор. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности кои помагаат во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок, преку поништување на ефектите од натриумот.
Избор и складирање
Во Северна Европа, сезоната на пашканатот започнува веднаш по првата слана и трае до март, кога свежиот зеленчук ги преплавува пазарите. Многу семејства растат пашканат во нивните градини.
На пазар одберете свеж, цврст, месест пашканат со средна големина. Избегнувајте ги долгите, тенки и високи корења, затоа што се пожилави и ги ограничвуаат можностите при готвење. Исто така, избегнувајте ги дрвенестите, презреани парчиња, затоа што го имаат загубено вкусот. Не купувајте меки, набрани, оштетени парчиња кои имаат израстоци или дупчиња.
Складирајте го во најлонски ќеси и ставете го во одделот за зеленчук во фрижидерот, на температура помеѓу 0 и 5 степени. Не ставајте свеж пашканат во замрзнувач.
Употреба во кујната
За да го подготвите, измијте го со студена вода и истријте го или пак нежно излупете ја лушпата. Поткастрете ги краевите. Исечкајте го на коцки, дискови или парченца според потребите. Кревкиот пашканат се готви на сличен начин како морковите. Не го гответе предолго. Пашканатот се зготвува многу бргу бидејќи содржи повеќе шеќер отколку скроб.
Совети за приготвување:
- Свежиот пашканат додава уникатен сладок вкус на салатите и преливите.
- Зготвен и пасиран, заедно со компири, леќа, карфиол, итн.
- Парчиња или коцки додадени во чорби, супи и пржени јадења, сервирани со пилешко, риба или месо.
- Може да се користи за правење леб, пити, торти, итн., т.е. за повеќе солени јадења.
Здравствено предупредување
Растението пашканат и неговите делови можат да предизвикаат хиперсензитивни реакции и орални алергии кај одредени чувствителни поединци. Реакциите можат да предизвикаат исфрлања и отоци. Симптомите на орална алергија можат да бидат: чешање или печење на усните, устата и грлото. Во подрастичните случаи може да дојде до потекување на усните и јазикот, вцрвенување на очите и потешкотии при дишењето. Луѓето кои имаат историја на алергија на полен, ореви, смокви, моркови и магдонос можат да развијат чувствителност и на пашканат и поради тоа треба да го избегнуваат.