Наутот е одлична здрава состојка... содржи малку масти и има низок индекс на глукоза, што значи дека енергијата ја ослободува бавно и заситува подолго време... Овде го комбинираме со ОДЛИЧНИ вкусови и ќе добиеме едноставен летен ручек.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 150 грама наут
  • 2-3 цели печени црвени пиперки
  • 1 главица црвен кромид
  • 2 мали домати
  • 100 грама сечкани колбаси
  • половина лимон
  • грст свежо нане
  • сол и бибер
  • маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Прво треба да го оставиме сировиот наут да отстои во вода… Најдобро е ако отстои преку ноќ, а тоа го смалува и времето на подготовка… Наутот треба двојно да нарасне пред да го вариме 1 час.

Чекор 2: Ставете го наутот во зовриена вода и варете го околу 1 час… Во водата ставете маслиново масло и сол.

Чекор 3: Време е за сечкање: Прво исечкајте го колбасот… Ние користиме убав црвен колбас со силен вкус кој подоцна ќе го испржиме за да ослободи дел од маснотијата и зачините.

Следни земете ги слатките печени црвени пиперки... Исечкајте ги на ленти.

По нив и доматите. Потоа и црвениот кромид.

На крај исечкајте го свежото нане... Не морате да ставате нане, но тоа убаво го дополнува целото јадење.

Чекор 4: Загрејте малку масло во мала тава за пржење и пропржете го исечканиот колбас... Колбасот не го готвиме, туку само ослободуваме дел од неговите маснотии и зачини кои подоцна ќе ја зачинат салатата и ќе делуваат како прелив. Тргнете го од огнот по неколку минути.

Чекор 5: Кога наутот ќе се свари и додека сеуште е топол, исцедете го, ставете ги сите состојки заедно и добро измешајте... На готовата смеса додадете и малку лимонов сок и спремни сме за сервирање.

Чекор 6: Време е за сервирање: Едноставно ставете од салатата во чиста бела чинија и ручекот е готов!

СОВЕТ: Ова јадење е здраво, но толку вкусно што нема да престанете да го јадете додека не се заситите… Комбинацијата на вкусови е класична Шпанија... Потрудете се да го изберете вистинскиот вид на колбас, затоа што вкусот на месото е тоа што ова јадење ќе го направи успешно или неусшешно.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Тава за пржење ; Касерола
Тава за пржењеКасерола