Грозјето најчесто се поврзува со лозја и вино, но има многу одлични рецепти во кои грозјето се користи за слатки или солени јадења. Овде правиме едноставен пудинг од грозје со сок од грозје и свежи зрна грозје одозгора.

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 50 грама шеќер
  • 30 грама нишесте
  • 60 милилитри вода
  • 480 милилитри виолетов сок од грозје
  • Една рака зрна свежо грозје

Подготовка

Чекор 1: Земете ја малата Делимано тава за сос и додека се загрева во неа ставете ги нишестето и шеќерот, а веднаш потоа ставете ја и водата и добро измешајте.

Оставете ја тавата на оган неколку минути за смесата да се спои.

Чекор 2: Сипете го сокот од грозје во тавата и измешајте. Загрејте ги сите состојки на среден оган 5 минути додека да добиете мазна смеса. Пудингот ќе почне да се згуснува и да потемнува додека се спојуваат состојките.

Кога ќе ја добиете посакуваната конзистентност и густина, тргнете го пудингот од оган и оставете го да се излади пред да го сипете во чаши за десерт. Ставете ги чашите во фрижидер за пудингот да се стврдне и да се згусне неколку часа пред да го сервирате.

Чекор 3: Време е за сервирање: Едноставно извадете го пудингот од фрижидер и украсете го со зрна грозје. Зрната грозје ги пресековме на половинки и ги оставивме неколку часа во замрзнувач за да добиеме поинаков вкус и текстура. Пробајте, навистина е добро!

СОВЕТ: Ова е всушност сладок овошен сок згуснат со нишесте. Можете да употребите било каков сок и да направите комбинации од свежо овошје кои убаво се вклопуваат. Зошто сами да не направите сок со соковник или да ставите овошје во самиот пудинг?

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сад за сос
Сад за сос