Видео рецепт: Модар патлиџан со тестенини и пилешко
Фичо ќе ни даде многу интересна идеја за ручек, модар патлиџан полнет со фил од пилешко месо и макарони.
Подготовка
Чекор 1: Ставете ја Вок тавата на рингла да се загрее. Ситно исецкајте 2 чешниња лук и пропржете ги на малку маслиново масло и путер додека да пуштат мирис. Додадете го пилешкото месо. Месото извадено од модриот патлиџан исто така додадете го да се пропржи со пилешкото. Додадете ја павлаката за готвење и мускатното оревче.
Чекор 2: Ситните макарони сварете ги. Сварени додадете ги во пилешкото месо. Исецкајте го магдоносот и додадете го во садот со месото, промешајте и смесата за полнење е готова.
Чекор 3: Наполнете ги модрите патлиџани со смесата и печете ги на 220 степени со вентилатор, максимум 15 минути. Во осмата минута извадете ги од рерна и секој модар патлиџан прелејте го со матено јајце. Вратете во рерна да се допече.
Чекор 4: Сервирајте!
СОВЕТ: Овој рецепт е повеќе идеја за поинакво полнење на зеленчукот. Слободно направете комбинација од тестенини и додатоци по ваш вкус.