Јас повторно пире и пилешко,  но сега вака
- Сварете го пилешкото месо
- Модриот патлиџан исечете го на половина и издлабете го и сето ова ставете го во вода во која сте ставиле малку сол и шеќер. Нека одстои малку (ова заради тоа да се одстрани ако има евентуално некоја горчливост)
- Во тава на зејтин ставете да се пржи исецканиот кромид,. Извадете ја извадената средина од модриот патлиџан, со рака стиснете ја ако има впиено вода да се исеци, исецкајте на коцки и додадете кај кромидот да се пржи. Кога ќе се испржи додадете го свареното, искостено и насецкано месо, сенфот, па нека се пржи уште малку, да остане само на зејтин. Тргнете од огнот, зачинете го.
- Од сварениот компир спремете го пирето на начин кој што вие го правите и сакате.
- Извадениот од водата модар патлиџан лесно стиснете го, подсушете и сосема кратко на сосема малку зејтин пропржете го.
- Земете половина од модриот патлиџан, наполнете ја со месото, врз месото распоредете од подготвеното пире, посипете со рендан кашкавал. Наредете во малиот ростер тава, ставете во предходно загреана рерна нека се подпече толку колку што е потребно да се стопи кашкавалот.
(Кај мене малку повеќе подпечено- исунчано дееее ) Ч))))))
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани