За подготовка на вегетаријански плескавици најверојатно има повеќе рецепти отколку за плескавици со месо. Еве една комбинација од вкусови која можете да ја пробате. Состојките се многу, многу евтини и сигурно речиси сите ги имате дома во секое време. Тогаш што чекате?

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 голем морков
  • 1 црвен кромид
  • Полна рака магдонос
  • 1 супена лажица ким
  • 400 грама варен бел грав
  • 1 супена лажица брашно

Ќе ви треба и:

  • Сол, бибер и маслиново масло

За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Експрес лонец и Тава за пржење.

Подготовка

Чекор 1: Гравот сварете го претходно (ако не употребувате варен грав од конзерва). Ние го користиме Експрес лонецот со кој времето на готвење го намалуваме од повеќе од 2 часа на само 40 минути, на најниска температура.

Чекор 2: Излупете ги морковот и кромидот и исечкајте ги. Додадете крупно сечкан магдонос, ким, сол и бибер.

Чекор 3: Пропржете ги овие состојки (без гравот) 10 минути додека да омекнат. Потоа додадете го сварениот грав и пржете уште 5 минути.

Чекор 4: Подготвената смеса ставете ја во подлабок сад, додадете малку масло и брашно и со рацете или со дрвена лажица замесете тесто. Тестото поделете го на два дела и од секој од нив направете топчиња, кои после ќе ги притиснете за да добијат форма на плескавици.

Чекор 5: Вака подготвените плескавици пржете ги во претходно загреано масло додека убаво да поруменат на двете страни. Сега сте подготвени да ги послужите во земичка заедно со малку салата, компири и купечки сос за скара!

СОВЕТ: Обидете се белиот грав да го замените со црвен грав или пак со наут. Убаво би било следниот пат да додадете и лут зачин или пак свеж коријандер, доколку можете да најдете.