Видео рецепт: Пита со праз и урда – Бељуш
Фичо, заедно со неговата гостинка Катерина, готвач член на нашата веб-страница, ќе подготват еден од нејзините најпопуларни рецепти, Бељуш.
Подготовка
Чекор 1: Квасецот растворете го во малку млака вода со шеќер и малку брашно за побрзо да развие.
Чекор 2: Замесете го тестото и оставете го да стаса. Празот ситно исечкајте го и пропржете го на масло. Во празот додадете ја урдата и останатите состојки и убаво промешајте.
Чекор 3: Од тестото направете 4 топчиња. Три од топчињата расукајте ги во големина на тавата. Тавата намастете ја со путер за подобар вкус. Ставете ја првата кора, нанесете го филот, ставете ја втората кора, повторно нанесете од филот и поклопете со третата кора. Од четвртото топче формирајте долги ремени, исплетете ги и наместете ги на краевите на тавата.
Чекор 4: Оставете ја питата да стаса 10 минути и печете на 200 степени 30 минути.
Чекор 5: Сервирајте!
СОВЕТ: Пред да ја сечете питата, почекајте да се излади, за да може да сечете правилни парчиња.
многу добар тим сте :)
кате меси и ти кажува што да правиш, памти што треба... БРАВО :)
многу убаво видео. како да работите постојано заедно, толку добри :)
Mnogu mi bese keif sto rabotev zaedno so Fico, covek so bogato kulinarsko iskustvo i so golema pozitivna energija i vedar duh.
Uste ednas blagodarnost do celiot tim na MR sto mi ja ovozmozivte ovaa druzba
Уште повеќе што со твојот природен талент за готвење пред камера, ни помогна да ја реализираме оваа идеја дебитантски :)
Сега, за другите ќе биде полесно....А и тебе ќе те чекаме пак во иднина. Голем поздрав!