Видео рецепт: Пилешко во Кари сос
Еден од најпопуларните рецепти во рестораните кај нас е Пилешко во Кари сос. Фичо ќе ни покаже како да го подготвиме дома!
Подготовка
Чекор 1: Земате 2 пилешки стекови и ги сечете на штангли по дебелина.
Со една рамна лажичка сода за готвење ги премачкувате стековите. Потоа ги оставате на страна.
Чекор 2: Ситно сецкате 2 чешниња лук и една глава кромид.
Го земате Грил тавчето од Делимано, го ставате на рингла (на средна температура), додавате една лажица путер и ги пропржувате штанглите пилешки стек. Додавате сол и бибер по вкус.
Откако ќе се пропржат ги вадите од тавчето и ги оставате во сад на страна. Во истото тавче додавате да се пропржат околу 250гр прокељ.
Чекор 3: Го земате малото тенџерче од Делимано и во него ставате една голема лажица Кари, една мала лажичка Куркума, половина лажичка мелен Ким, една лажичка мелено Чили, малку мускатно оревче, една лажица сенф, сол и бибер. Промешувате и оставате кратко да се спојат вкусовите.
Откако ќе се запржи смесата од зачини, додадете 250мл павлака за готвење.
Чекор 4: Сервирајте по желба.
СОВЕТ: Овој Кари сос не само што е одличен со пилешко месо, туку можете да го искористите за ориз и за риба!
Vo sekoj slucaj, mnogu e dobar! Probajte go! :)