Иситнете го путерот кој сте го оставиле на собна температура и измешајте го со шеќерот, пасираната жолчка, иструганите семки од ванила мешунката и прстофат сол. Доколку немате ванила мешунка, додадете малку арома ванила во прав. На крај, додадете го брашното и замесете тесто. Тестото завикајте го во фолија и оставете го во фрижидер 1 час. Ако ви се брза, ич не е страшно и побрзо да го извадите.

Црното тесто се спрема скоро идентично. Најпрво путерот се меша со шеќерот, солта, ванилата и жолчката. Потоа се измесуваат во него и останатите суви состојки и на крај се додаваат лешниците. Тестото поделете го на 2-3 дела и формирајте го во салама со пречник од околу 3 см. Завиткајте го и оставете во фрижидер на еден час.

Растанчете го белото тесто, кое исто така сте го поделиле на толку дела колку сте направиле валјаци од црното, во должина колку самата салама/валјак и ширина колку да го омота црното тесто.
Премачкајте го белото тесто со вода и врз него ставете ја саламата од црното тесто, па завиткајте, заролајте убаво да го замота. За полесно ролање, светлото тесто можи да го развлечите врз пек хартија. Заморајте ги вака спремените салами повторно во фолија и оставете ги во фрижидер додека убаво не зацврстат, па потоа сечете ги на тркалца со дебелина од нецел см.

Исечените колачи, наредете ги во плех обложен со пек хартија и печете ги на 180С 12-15 мин, при што се внимава да останат светли.

Совет: Изберете ја идеалната цврстина и чување во фрижидер, бидејќи тестото знае да стани и малку ронливо, особено додека го сечите. Доколку се случи да ви се рони, со раце само притиснете на местата каде се разделило. Откако ќе се испечат и убаво оладат, колачите ке си ја задржат и компактноста, особено со текот на чувањето. Кога сме кај чувањето, чувајте ги во добро затворена кутија. Колачите можат да траат најмалку 2 недели така затворени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови