ПОСВЕТЕНО НА СИТЕ ТИКВАРКИ !!!

Тиквата излупете ја, исецкајте ја и залејте ја со вода, ставете едно пакетче ванила и сварете ја. Извадете ја од водата, испасирајте ја убаво и оставете да се лади.
Водата во која сте јавареле тиквата не ја фрлајте, ИСПИЈТЕ СИ ЈА!!!

Во брашното ставете ги сувиот квасец (на секое пакување има упатство како се дозира, водете се по него), јајцата, шеќерот, ванилата и циметот. Малку по малку додавајте од испасираната тиква и месете. Најдобро е ако пирето е топло, така побрзо ќе стаса тестото.
Внимавајте само да не е врело!

Замесете меко, лепливо тесто. Доколку е тврдо, додадете млеко, вода....ако е многу меко додадете брашно. За ова е најдобро да процените сами. Оставете го тестото да стасува барем 30 минути.

Кога тестото ќе надојде на работната маса наросете брашно и кафеав шеќер и само протркалајте го. Ставете го на плех и дури се загрева рерната нека постои покриено со крпа.
Јас не му дадов некој посебен облик, едноставно го избоцкав со прстите.

Печете на 180 степени 40-50 минути. Гледајте лебот да фати убава боја според Ваш вкус.

Овој леб има неутрален кон малку благ леб. Доколку навистина сакате да биде благ ставете повеќе шеќер или мед.
Пробајте да го комбинирате со најразличен тип на јадења и пронајдете ја Вашата совршена комбинација!

Од оваа доза, колку што наведов горе во состојките, излегува навистина големо лебиште.
Ако сакате помала доза, едноставно преполовете ја количината.
Ако сакате поинаква форма, користете го Вашиот омилен калап.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови