Видео рецепт: Колач Руска пита со ореви
Денес ќе готвиме заедно со Марија, готвач член на нашата веб-страница. Марија ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Руска пита со ореви.
Руски сув колач, со две бисквитни теста меѓу кои има слој од белки и ореви. Вкус како комбинација од ванилици и орасници!
Подготовка
Чекор 1: Најпрво подгответе го тестото. Земете ги јајцата и одделете ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките, додадете го путерот и шеќерот во прав. Изрендајте ја кората од лимон, додадете ги брашното и румот и измесете тесто со рака.
Чекор 2: За филот изматете ги белките во цврст снег, додадете го шеќерот и матете додека да се стопи шеќерот. Потоа додадете ги мелените ореви, ванила шеќер, чоколадото за готвење и брашното. Мешајте додека да се соедини смесата.
Чекор 3: На набрашнета површина исукајте ја кората и ставете ја во тавата. За полесно, првото тесто можете да го натапкате во тавата. Врз кората ставете го филот и повторно ставете кора.
Премачкајте ја кората со јајце и печете во загреана рерна на 200 степени, 45 минути.
Чекор 4: Сервирајте коцки од колачот, и наросете со шеќер во прав.
СОВЕТ: Овој колач и топол и ладен има совршен вкус, идеален за ужинка, или со пладневното кафе!