Видео рецепт: Колач со лимон
Ова е прекрасен рецепт за богат и сочен колач со лимон кој е толку лесен за правење и изгледа одлично во нашиот тркалезен силиконски калап за куглоф. Слатката леплива глазура со лимон која ја сипуваме одозгора ја прави внатрешноста на колачот влажна и сунѓереста.
Состојки
- 230 грама брашно
- 3 големи јајца
- 2 кафени лажички прашок за пециво
- 230 грама шеќер
- 230 грама омекнат путер
- Изрендана кора од еден ипол лимон
- 6 супени лажици млеко
За глазурата ќе Ви треба:
- Сок од 2 лимона
- 100 грама шеќер во прав
Вид на оброк: Десерт
Комплексност: Лесно
Лица: 8-10
Време на подготовка: 30-60 мин.
Подготовка
Чекор 1: Со миксер измешајте ги јајцата, путерот и шеќерот. Матете ги додека убаво да се спојат.
Чекор 2: Измешајте ги млекото, брашното и прашокот за пециво со дрвена лажица. И на крај во смесата изрендајте ја кората од еден ипол лимон.
Чекор 3: Земете го тркалезниот силиконски калап и намачкајте го со путер или масло, а потоа во него внимателно сипете ја смесата за колачот. И тоа е се... За неколку минути колачот ќе биде спремен ѕа печење.
Ставете го калапот во рерна загреана на температура од 160 степени 50 минути. Пред истекот на времето проверете дали колачот е печен. Ако се одлепува од ѕидовите на калапот или ако ножот излезе чист кога со него ќе го издупчите колачот – тоа значи дека е готов.
Чекор 4: Оставете го колачот да се лади кратко време и потоа превртете го калапот.
Чекор 5: Додека колачот се пече во рерна, направете ја глазурата. Исцедете 2 лимона и во сокот измешајте 100 грама шеќер во прав. Оставете го шеќерот да се растопи.
Чекор 6: Избоцкајте го колачот со вилушка и почнете да го попрскувате со глазурата одозгора – дупките ќе му помогнат на колачот да ја впие глазурата и да стане мек и сочен. Ставете го колачот во фрижидер 30 минути.
Сервирајте парче исечено од кругот. Овој колач би требало да е доволен за 8 до 10 луѓе.
СОВЕТ: За алтернативни идеи би Ви препорачале цитрусови овошја како што се зелениoт лимон, портокалoт, па дури и грејфрутот. Сигурни сме дека овој колач ќе стане омилен во Вашето семејство.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Сет од 5 Калапи ;
Одлично изгледа, но така и очекуваме од мајстор како тебе :)
значи, на денешен ден 14.11.2012, јас ЛУДО им принесов на гости лимонов колач по повод предјадење на роденденска торта на гостите :) :) :) :)
младунче си касна, па почна на прсти да се крева и да се држи за ивиците од масата. колачов е како дрога (живота ми мога) :) :) :) :)
Рецептот изгледа супер направен, а обликов е некако „Сиднејски“ :)
Мора да забележиме дека малку е потемен од долу (односно она што се печело од горе) - пробај следниот пат да ставиш малку помала количина од тестото ако го правиш во истиот калап (за да може рамномерно да се испече, а да не ти изгори од горната страна).
го печев во ќумбето на дрва, мојот омилен начин на печење, па таму температурата не можев баш да ја изрегулирам да биде постојана. никому не му пречеше малку јаглен, здраво било за цревата :) :) :) :)
жал ми беше да го сечам, ама сега жал ми е да го направам пак, знам стомак ќе ме боли после. среќко ќе биде притиснат од прејадување :) :) :) :)
фала, фала за честитките <3
овој пат во мали силиконски калапчиња и уште поубав беше. кога се испече, убаво со чепкалка го избоцкав и со мало лажиче го прелевав секое мафинче едно по едно. што убаво впи....како шербетлиско колаче дојде :)