Видео рецепт: Колач од палента со лимон и мак
Палентата е замена за брашно и може да ги направи разните видови колачи и леб похранливи и поздрави. Овде користиме мак и лимон заедно со шеќер за да подготвиме посладок колач, но можете да си поигрувате и со солени вкусови за разни видови леб и векни.
Состојки
- 237 милилитри млеко
- 50 милилитри маслиново масло
- 1 јајце
- 130 грама обично брашно
- 80 грама палента
- 2 лажички прашок за печиво
- 80 грама шеќер
- кора од еден лимон
- 40 грама мак
За подготовка на овој рецепт користиме Делимано Калап за векни.
Подготовка
Чекор 1: Нежно ќе ги измешаме сите состојки заедно со рака, а не со електричен миксер – ова е повеќе смеса за мафини отколку за колач. Не грижете се ако смесата Ви изгледа премногу ретка – тоа ќе го направи готовиот колач посочен.
Чекор 2: Сипете ја смесата во калапот за векни додека да се наполни околу 75 проценти и ставете го во рерна загреана на температура од 200 степени 30 минути.
Чекор 3: Сервирајте го колачот исечен на парчиња жежок од рерна и уживајте, нема потреба ништо да додавате.
СОВЕТ: Слободно менувајте го односот на брашно и палента, а можете да ставите и интегрално брашно. Ако сакате да го направите рецептот побогат, можете да му ставите едноставна глазура од шеќер во прав и лимонов сок и да добиете посладок колач.
ќе ме потапша некој по рамо или да си поседам така простум? :) :) :) :)
значи вака.
супер си е колачето, ама кога го направив го пробав топло, некако заудараше шмек на маслиновото масло. јас не сум баш навикната на тој шмек иако маслото е демек ладно цедено од саглам фирма :)
следниот ден тој шмек го немаше и беше уште поубаво :)
237мл млеко, м?
јас изгледа претерав и ставив 240 :) :) :) :)
многу ми е афион во тој колач. следниот пат ќе го направам со 20 гр.
еве на сликата ќе се види колку многу има кај мене, а колку кај вас.
јас ли имам утнако некаде? :)
Ладно цеденото маслиново масло се препорачува за свежо консумирање, не за готвење :)
Млекото и милилитрите, веќе сме рекле, нашиот готвач е мнооогу прецизен :)
Афионот е по желба, може и воопшто да не ставаш. Инаку, претпоставуваме дека со интегрално брашно е правен, со оглед на бојата?
само ладно цедено маслиново имаме по дома. интегрално е брашното убаво си погодивте и афион мора! :) :) :) :)
лили, романтична сум си јас по цело тело. јадењево по цело тело ми се нафаќа :) :) :) :)