Баџи со кромид се едноставни пржени ќофтиња со потекло од Индија, но во Велика Британија уживаат култен статус и се задолжително мезе, во комбинација со јадење со кари. Тие се неверојатно лесни за подготовка и може да бидат одлично предјадење, или пак, гарнир.

Подготовка

Чекор 1: Започнете со сечкање на кромидот на тенки ленти. Ние користиме 3 средни глави кромид за овој рецепт.

Чекор 2: Изматете 2 јајца и потоа измешајте ги со кромидот и брашното и додадете ги зачините. Ние користиме еднакви количини мелен коријандер и ким. Убаво измешајте и малку зачинете.

Чекор 3: Загрејте го маслото и земајте купчиња од смесата со кромид и пржете ги. Не се грижете многу за изгледот – Баџи со кромид никогаш не изгледаат убаво, но имаат прекрасен вкус. Откако убаво ќе се испржат оставете ги да се исцедат на хартиена салфетка.

Чекор 4: За подготовка на сосот од нане и јогурт, само исечкајте го нането и измешајте го со јогуртот и шеќерот. Ова е идеална комбинација.

СОВЕТ: Доколку не сте големи љубители на индиски вкусови, овој рецепт можете да го подготвите и без специфичните зачини, а да додадете само уште малку сол и бибер. Вкупниот трошок за овој рецепт е многу мал и вие сигурно можете да го подготвите со оние состојки кои во секое време ги имате во вашата кујна.