Видео рецепт: Индијанки
Денес ќе готвиме заедно со Весна, готвач член на нашата веб-страница. Весна ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Индијанки.
Класичен десерт кој што е лесен за подготовка, а уште полесен за дегустација.
Подготовка
Чекор 1: Најпрво пригответе го филот. Измешајте го пудингот со млеко и шеќер. Ставете го остатокот од млекото во Касеролата и сварете го според упатството. Оставете го да се излади.
Чекор 2: Маргаринот матете го со шеќерот во прав сè додека не стане пенест, па соединете го со разладениот пудинг.
Чекор 3: Одделете ги белките од жолчките. Белките матете ги со шеќерот и кога убаво ќе се згуснат додавајте ги жолчките една по една. На крај додадете го брашното со прашокот за пециво. Добиената смеса измешајте ја со лажица и ставете ја во шприц.
Чекор 4: Формирајте ленти со големина по желба и печете ги на 200 степени 5 минути, треба да останат светли.
Чекор 5: Филувајте ги додека се уште топли. Во дел филот, додадете го какаото и декорирајте.
СОВЕТ: Овој рецепт е многу брз и лесен за подготовка, па е идеален кога ќе ви се најават гости, или кога одеднаш ќе ви се пријаде благо.