Hello kitty јајца
Идејава ја видов на интернет, а бидејќи мачево ни е Хит дома, решив да ја реализирам и да ја израдувам мојата малечка. Изработката е многу едноставна и ќе ви одземе многу малку време, а ќе добиете среќни дечиња. Може да ги вклучите и нив во изработката, па среќата е на квадрат.
Според мене, најбитно е јајцето да го свртите така да врвот му биде од десната страна, таму каде треба да стои машничката или цветчето. Така ќе добиете оптичка илузија дека е јајцето симетрично, т.е. нема врв. Секако одберете некое позаоблено јајце.
Со црниот маркер нацртајте ги очите, елипса за носот и мустаќите на мачето. Обојте го носето со жолто и со една капка лепак залепете ја машничката.
Толку =)
Машничките ги правев на вилушка, многу едноставно добивате идеална мала машничка.
Лиценца: Сите права се задржани
Без многу мака (особено ако си купи човек готови машнички :) ) прекрасен изглед за радост на девојчињата-одлични!