Видео рецепт: Домашно Пиде со месо
Фичо ќе ни покаже какој то подготвува Пиде, популарен турски рецепт.
Подготовка
Чекор 1: Брашното измешајте го со солта. Во млаката вода растворете го квасецот и додадете го млакото млеко. Убаво измешајте да се раствори квасецот. Квасецот водата и млекото сипете ги во сувите состојки и мешајте додека не почне да се соединува. Префрлете ја смесата на работната маса и месете. Оставете го да стаса 40 минути и потоа премесете го. За секое добро пециво, потребни се две стасувања.
Чекор 2: Додека стасува тестото, пригответе го месото. Меленото месо убаво зачинете го. Исечкајте го зеленчукот, измешајте го и ставете го да се запржи во Вок тавата.
Чекор 3: Тестото за Пиде поделете го на 5 топки. Секое топче да биде околу 140 грама. Секое топче е посебно Пиде. Расукајте го тестото и наредете го во Ростер тавата.
Чекор 4: Печете во загреана рерна на најсилно 6-8 минути, исто како за пица. Потоа сервирајте.
СОВЕТ: Ова е рецепт за Пиде со месо, а полнењето може да биде по ваш вкус .