Мислејќи што да биде денешниот ручек, се одлучив за Макароните Делициози кои си најдов на интернетов.Реков да пробам, па ако ми се допаднат ќе ви ги пренесам и вас.Значи, штом ме има овде рецешптот беше супер.
Ставете ги макароните да се сварат во посолена вода. Додајте и маслиново масло при варењето.
На страна ставете путер да се растопи па додајте го ситно сецканиот кромид и зачинете со сол и црн бибер. Нека се пропржи убаво кромитчето,само пржете на потивко, да стане како кристално,па додајте ја ситно сецканата зелена пиперка.
Оставете да покрчка, а потоа префрлете ги варените и цедени макарони.
Промешајте нека се соединат со смесата. Зачинете со босилек и кари.Пред крајот додајте ја руколата сецкана на појадри парчиња, а за самиот крај оставете го кашкавалот да се разлее врз макароните.Промешајте и служете топличко.
Забелешка

Попаметно било руколата да не се сецка со нож, ама јас ете ја исеков. ќе истражувам малку повеќе за неа. Дознав дека е многу богата за со витамини кои помагаат за здрави коски.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови