Солен леб(Danubio salato)
Уште еден прекрасен рецепт од Италијанската кујна. Јас би го превела како полнет леб, иако нема многу фил во внатрешноста.
1. Од состојките за тесто,замесете и оставете да нарасне. Јас го ставив во стаклен сад, па си набљудував како убаво се дуплираше. Тестото е како пластелин. Не лепи, а е прекрасно за работа. Откако ќе се дуплира, јас го размесив и уште еднаш го оставив да стаса.
2. Додека тестото стасува, го исецкав сирењето и пршутата. Откако стаса тестото, разделив 16 топчиња со иста големина. Секое топче го расукав и му ставив од филот(јас немав од оригиналното сирење, па ставив моцарела и рикота во некои) Го завиткуваме топчето и ги редиме на тавичка која претходно ја намастивме со путер. Постапката ја повторуваме со сите.
3. Покриваме со памучна крпа и оставаме повторно да нарасне. Пред да се пече, рерната нека е вклучена на 200 степени. Во сад разматете го млекото, жолчката и зејтинот и со четка поминете ги сите топчиња. Со остатокот полијте го лепчето од горе. Ставете да се пече и рерната намалете ја на 180 степени. Печете околу 30 минути. Откако е печено,јас го премачкав повторно со путер и го оставив да одмори.
Погачката е мека, премека.
Нека ви е на здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови