Прво ја подготвуваме блитвата.
Ги одстарнуваме белите делови, ја миеме и кратко ја бланшираме.
Ја процедуваме од водата и оставаме да се лади.
Во еден сад ги соединуваме морковот, сирењето, пиперката, бланшираната, исцедена и исецкана блитва.
Во вангличка ги ставаме јајцата, солта, биберот и соединуваме со миксер.
Ги додаваме состојките подготвени во садот, пецивото, брашното, маслото и млекото.
Убаво со шпатула ја соединуваме цела смеса.
Ја истураме во долгнавест калап кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 30 минути.
Потоа колачот го вадиме на решетка да се излади, па сечеме на парчиња и послужуваме.

Забелешка
По желба, доколку сакате колачот одозгора може да се премачка со 200 гр кисела павлака и врз неа да се наренда кашкавал.