Колач во силиконски калап
Започнуваме со биење на црната паниспања.
Го биеме прво целото јајце и потоа ги додаваме жолчките една по една. Го додаваме и шеќерот и биеме со миксер 10 мин.
Потоа го додаваме брашното, пецивото, маслото, какаото, циметот и оревите. Смесата ја истураме во силиконскиот калап и печиме 10 мин. на 180 степени колку да фати кора.
Во меѓувреме ја биеме белата паниспања. Белките ги биеме во цврст снег и го додаваме шеќерот, брашното, пецивото, маслото и кокосовото брашно.
Кога црната паниспања ќе фати кора ја тураме цела бела и печиме уште 25 мин. на 190 степени.
Кога го испеков колачот со помош на четче црниот дел го премачкав со црно, а белиот дел со бело чоколадо. Доста интересен барем мене ми е пресекот на овај колач, на здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови