Се матат белките со прстофат сол во густа пена, а потоа се додаваат шеќерите и се мати во цврст шам.
Се додаваат жолчките една по една, па врелата вода, потоа маслото, цело време матејќи на најсилна брзина, па се додаваат брашното, какаото, пецивото помешани заедно и просеани, но миксерот сега го намалуваме на најбавна брзина.
Се печи во плехче 32 на 22 цм., во загреана рерна на 180 степени околу 25 мин..
Ладно се сечи на два дела, попречно.
Се прават 2 кори, значи се добиваат 4 листа.

Пудинзите се раствораат во малку млеко (смесата што ќе се добие да е течна, во спротивно во пудингот ќе се направат грутчиња).
Остатокот од млекото се зоврива со шеќерот и ванилите. Се трга од оган се додава разматениот пудинг и се вари додека ја добие потребната густина, со постојано мешање на умерен оган.

Во жешко се додава путерот и се меша, миксира да се растопи.
Во жешко се додава путерот за да не дојди до формирање на грутчиња додека се лади пудингот, да се спречи вискозната коагулација и да се одржи кремастата структура.
Оставаме да се олади со повремени мешања.

Во скроз ладен пудинг се додаваат шлаг кремите и се’ убаво се миксира.

Бери фил
Во 1 дл. вода се раствора нишестето.
На оган се става овошјето во тенџере да зоврие. Се додава шеќерот и ванилата.
Штом проврие сето тоа, овошјето омекни, се одмрзни,се додава раствореното нишесте. Се вари со постојано мешање, додека добиеме смеса како мармалад. При варењето ги пасираме крупните делови од овошјето. Тргаме од оган, малку да подизлади па се додава 50 гр. путер и се меша додека се стопи. Оставаме целосно да се излади.

За бел фил
Убаво се мати слатката павлака со шлаг крем од ванила.

Финална постапка
- кора-бери фил, ванилин фил, слатка павлака
- уште 2 пати се повторува постапката
- се завршува со кора
Одозгора се премачкува со слатка павлака, тeнок слој.

Се украсува додатно по желба.

п.с.
Тортава ја правам прв пат, со комбинација од повеќе рецепти што ги сретнав на нет и нешто по мое.
Единствено што би сменила нареден пат е тоа што ванилиниот фил ќе го дуплирам, за тортата да ми е побогата со фил.
Тортата беше роденденска и многу му се допадна на славеникот. :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови