Кога ќе купите пакување од 100 гр пршута избројте колку точно парчиња има. Кај мене беа 13 парчиња.

Според овој број, со помош на алатка за сечење на кашкавал од тиквицата извадете 13 ленти. Јас употребив 2 тиквици се со цел лентите да бидат што повеќе со иста големина.
Внимавајте тиквицата да не биде поширока од алатката, бидејќи нема да можете да ги извадите лентите без да ви се искинат.

На грил тавата ставете малку зејтин и запечете ги лентите од двете страни,да добијат убави напречни линии.
Јас оваа постапка ја правев на тостер,па добив надолжни линии,не баш така јасни,но сеедно.Важно е лентите да омекнат за да можете да ги виткате.

На 13 свежи урми извадете им ги семките и наполнете ги со фета, претходно убаво измешана со маслинов зејтин. По желба можете да ставите и некаков зачин.

Земете една лента од тиквица, врз неа ставете парче пршута, па парче полнета урма, завиткајте цврсто и прицврстете со чепкалка.

Воала!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови