Наутот се кисни преку ноќ. Наредниот ден се става на оган да се вари заедно со пола лажичка сода бикарбона. На тој начин ќе се намали времето на варење на наутот.
Откако ќе се свари наутот се цеди и се става во блендер заедно со лукот, солта, маслото, лимонот, таанот и се блендира. Доколку е сува смесата се додава ладна вода (ладната вода ќе го осветли хумусот)
Добиениот мазен хумус се дели на 3 дела.
Едниот се блендира со сенф и пола авокадо и свежиот босилек, другиот со крем сирењето, а третиот дел си останува каков што си е. Се служи ладен, а над него се додава ладно цедено маслиново масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови