Ќофтиња во сос
Го мешаме месото, лебот, кромидот , јајцето и зачинуваме, и од добиената смеса правиме мали кофтиња, кои потоа ги ставаме во намрсена тава и печеме во загреана рерна на 200 степени, околу половина час.
Во мегувреме го правиме сосот, ставаме масло во тава и откако ќе се загрее додаваме 2-3 лажици брашно, малку црвен пипер и заедно повторно пропржуваме, а на крај го додаваме кечапот. Откако ке бидат печени кофтињата ги преливаме со сосот, ставме над нив малку сецкан лук и ги вракаме во рерна уште 10-на минути. Ги сервираме по желба, во случајот се со печени компири.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови