4 белки убаво се матат со 100 гр шеќер , потоа се додава брашното и мелените ореви, се меша убаво и се пече на подмачкано тавче бр 28.
Фил
Млекото и шеќерот се ставаат да зовријат во меѓувреме се матат жолчките, водата и пудингот и се истураат во зовриеното млеко и се вари филот. Откога ќе се олади се додава 250 гр маргарин и се мати. Филот се дели на 2 дела во првиот дел се рендаат наполитанките, а во вториот дел се додава 100 гр стопено чоколадо. Се става кората врз неа се става првиот фил се мазни и потоа се додава врз него и вториот фил со чоколадо.
Слатката павлака се мати убаво и потоа се става површината на тортата се измазнува и се наросува со чоколадни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови