1. Јајцата сварете ги, но не тврдо. Внимателно излупете ги.

2. Бешамел
Прво го спремате бешамелот
- Во сад загрејте го путерот, додадете го брашното и сосема кратко запржете го. Залејте со ладното млеко, додадете го сувиот зеленчук и постојано мешајки го нека вари околу 5 мин се додека сосот не се згусти. Додадете го лимоновиот сок, павлаката, само промешајте и тргнете настрана.

3. Во посебен сад ставете го путерот да се стопи и загрее, на него кратко пропржете го оризот и додадете 300 мл. вода. Посолете на вкус и оставете да се свари, но ал-денте (недоварен). Во него ставете го исецканиот магданос.
4. Вака спремениот ориз префрлете во сад во кој ќе го печете. Врз него наредете ги јајцата, прелејте со бешамел сосот и посипете со пармезанот.
Ставете во претходно загреана рерна на 220 степени да се печи околу 15 мин.
- Сервирајте го како самостален ручек и салата, а можете да го збогатите и со некоја шунка.
Напомена
-Како што напишав во рецептот погоре јајцата се цели, да има на секој по едно, но денеска јас приготвив од помалку јајца и ги секов на половина.
-Велам јајцата да не бидат тврдо варени бидејки потоа тие се доваруваат, но се однесува само за целите јајца.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани