Овие колачиња се од стариот тефтер на мајка ми и тетка ми. Едно време се правеа со голем елан и беа вистински хит, но со ерата на интернетот и новите експериментални рецепти, веќе се бројат во редот на суви старински колачи. И немаат никаква врска ни со јафа, ни со ресана купечките колачиња... појма немам од каде им го навлекле тоа име уште тогаш.

Се ставаат наведените состојки за тесто во длабок сад за месење и се меси меко тесто. Од тестото се прават ситни топчиња колку или помали од орев и се редат во намастен плех на поголемо растојание затоа што нараснуваат во печењето.
Се печат 8 минути во загреана рерна од 200С. Жешки се вадат со лопатка од плехот и потоа се лепат едно со друго премачкани со мармалад од кајсија.

Чоколадото се топи на водена бања и со помош на лажичка или виљушка се шараат одозгора.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани