4
окт
2020
Ѕаѕики проја
Подготовка
Во еден сад измешајте ги јогуртот, ситно сецканиот лук, ренданите краставички, маслиновото масло.
Во друг сад изматете ги јајцата, па додадете ја ѕаѕики смесата. Овде додадете и дробено сирење.
Постепено додајте ги белото брашно, палентата и пецивото. Матете со миксер (со послаба брзина) додека да добиете еднолична смеса.
Смесата ставете ја во тава за печење и печите на 200 додека да зарумени убаво одозгора.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани