Ѓозлеме
Ѓозлемето е турски специјалитет од кој бев воодушевена кога прв пат го пробав.
Толку едноставно, а превкусно.
Полнењето што прв пат го пробав беше со некои тревки внатре, кои не разграничив баш кои беа, ама беше вкусно, исто и со сирење, мелено месо може да си ги наполните, се по ваш вкус.
Од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
Поделете го на 4 топчиња и оставете ги да постојат, 20-30 минути.
Празот ситно исецкајте го и кратко пропржете го, а потоа измешајте го со испасираното сирење и копарот.
Од секое топче расукајте тенка кора.
Нанесете од филот и завиткајте во ролат.
Ролатот повторно расукајте го во кора.
Повторете ја постапката со другите 3 топчиња тесто.
Пржете ги во нелеплива тава со малку масло.
Послужете ги топли со ајран.
Лиценца: Сите права се задржани