Ѓевречиња со биено сирење
Предноста на пецивата со квасец и прашок за пециво е тоа дека не им е потребно стасување, освен пред печење. Ѓевречињава се одлични, а полнењето си го правите по ваш вкус.
Подготовка
1. Сувиот квасец го раствораме во топло млеко.
2. Во него додаваме разматено јајце и масло.
3. Сувите состојки ги соединуваме. Кон сувите состојки ги додаваме влажните т.е. додаваме киселото млеко и млекото со останатирте состојки во него.
4. Замесуваме еластично тесто кое ќе го оставиме да одмори 10-15 минути. За тоа време го подготвуваме филот и тавите за печење.
5. Биеното сирење го рендаме и го соединуваме со белката.
6. Тестото го делиме на 8-10 парчиња кои ги расукуваме во правоаголна форма, по цела должина им ставаме фил, ги роламе, ги вртиме како бургии, па ги спојуваме.
7. Ја вклучуваме рерната на 200 степени, а ѓевречињата ги оставаме да стасаат.
8. Пред печење ги мачкаме со жолчка и ги наросуваме со сусам.
9. Ги печеме додека да добијат убава кафеаво-црвенкаста боја.
Забелешка
Во тестото можете и да ја изоставите солта, ако филот ви е многу солен.
На тавата можете да ставите хартија за печење или само намрсете ја.
Лиценца: Сите права се задржани