Шарени очи
Шаренолики и вкусни бомбици, погодни за гостинските трпези. Рецептот е позајмен од г-ѓа Дробњак, реномирана дама позната по своите кулинарски вештини и рецепти. Повелете во моја изведба.
Сувите смокви потопете ги 10-15 мин во вода во која сте додале рум или екстракт од рум. Потоа убаво исушете ги, засечете им ја дршката, задлабете и внатре вметнете парче од желе бомбона. Кај мене беа коцки и спрема големината на смоквите ги сечев на половинки, третинки и ретко четвртинки.
Најпрво се подготвува белата смеса. Водата и шеќерот ставете ги да вријат 3 минути на среден оган. Додадете го маргаринот и мешајте да се стопи, па тргнете го садот од шпорет.
Додадете го млекото во прав и енергично мешајте. На крај, вмешајте го кокосот.
Оставете да олади па земајте делчиња од смесата, расплескајте ги, ставете по една полнета смоква и замотајте ја од сите страни. Оставете ги така припремени да се зацврстат убаво во фрижидер додека ја спремате темната смеса.
Ставете ја водата со шеќерот и варете додека не се растопи шеќерот. Додадете го иситнетиот маргарин и на коцки искршено чоколадото и мешајте додека се стопат. Тргнете од шпорет и додадете ги мелените бисквити. (Додавајте постепено. Кај мене беа доволни 285гр. Сепак тоа зависи и од силата на вриењето на шербетот како и од впивливоста и видот на бисквитите кои ќе се користат.)
Кога ќе подолади смесата, земајте парчиња и исто расплекајте ги. Во нив ствајте по една обложена со белиот дел бомбица од смокви и убаво омотајте/оформете бомбица над неа со темниот дел.
Оставете убаво да се стегнат и потоа секоја бомбица исечете ја на 4 дела.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ako gledame taka ima stotici recepti, skoro ist sostav, drugo ime i taka vo krug
neka ni e slatko toa sto si go pravime i jadime
a od kaj Teo ke ukradime nekoj nesolen fstak koga ne e doma, ha, ha...nie vo provincijava nemame
jas gi obozavam site tvoi recepti, prekrasni kako i samiot avtor. Ti blagodaram sto si moj prijatel i sto nesebicno gi spodeluvas da mozime i nie da uzivame vo niv :*