На оган се става маргаринот, водата, шеќерот, солта да зоврие. Откако ќе зоврие се додава брашното и се меша додека не почне смесата да се одделува од ѕидовите на тенџерето. Се остава да се олади 10-15мин и се додаваат 3 јајца, едно по едно. Се меша да се добие убава смеса. Смесата се става во шприц и се пржат во загреано масло. Испржените чуроси се прпелкаат во шеќер и цимет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани