29
мар
2015
Чурос (шпански крофни)
Водата се вари заедно со сол, шеќер и путер. Се додава брашното и се меша убаво. Се остава малце да олади.
Се додаваат јајцата едно по едно и се мати со миксер после секое јајце.
Се става масло на оган да се загрее.
Се полни шприц за шлаг и се шприцат долги и слаби крофни како прст и се пржат во маслото.
Овие крофни не се полнат, се сервират со стопено чоколадо или со шеќер и цимет поросени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови