Чупава ката
Еден прилично лесен, а вкусен старински рецепт.
1. За тестото
Маргаринот се меси со 4 лажици шеќер, се додаваат и 4 жолчки, се додава и пецивото, брашното и млекото. Сето се меси со рака да се изедначи. Тестото се дели на два идентични дела. Едниот дел се развлекува на претходно намрсен плех за печење. Другиот го ставате во фрижидер малку да се олади. Врз развлеченото тесто се мачка џемот и по желба ореви.
2. За филот.
Се матат белките со 10 супени лажици шеќер (како за пуслици) може за вкус да додате и ванилин шеќер. Ова смеса се става врз џемот.
Останатото тесто од фрижидерот го рендате врз белките да се еден вид бушава текстура.
Се пече на 200 околу 40 ина минути. По печењето се наросува со шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Добредојде и од мене :)))
Добредојде