Сите одат во лов на дивеч,  јас по шумата. Оваа чорба е со сува печурка која го носи името Црна Труба поради изгледот. Има многу имиња за неа, некои ми се допагаат некои не. За повеке информираност за оваа печурка обратете се на чичко Гугле ќе ви раскаже тој се. Јас набрав малку од оваа ептен зодијачка печурка, ја подготвив оваа чорба, а си имам од неа и ноц зачин.
 
- Сувата печурка залијте ја со врела вода и оставете ја поклопена околу 2 часа.
- Исцедете ја печурката откако одстојала. Ако не ви смета црната боја на чорбата зачувајте ја водата, но јас ја фрлам, некако не им е убава на домашните така со сменета боја.
- На зејтин испржете го ситно сецканиот кромид, додадјте го и насецканиот морков, корените од целерот и магданосот, сецканиот лук , на ситни коцки сецканиот компир - продолжете да пржите, но сосема кратко време, по што ќе додадете исцедените печурки, мајчината душичка, ловоровиот лист, (доколку сте ставиле босилек и босилекот), подлијте со една чаша вода, оставете да крчка на тивок оган околу 30 мин.
- Долијте повторно со вода, додадете го виното, магданосот и целеровиот лист, посолете, ставете бибер и оставете да повторно зоврие.
- Растворете го нишестето во павлаката за готвење, оцетот - измешајте и додадете во чорбата, оставете нека тивко крчка околу 10 мин.
Тргнете и уживајте понатаму, ќе вкусите сосема нов вкус кој го дава токму оваа печурка.
Напомена
- Доколку сакате не мора да го ставате компирот, може и без него.
- Ваквата чорба непомалку е вкусна ако спремите и со сув Вргањ.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани