Чорба со компир и ќофтиња
Подготовка
Меленото месо зачинете со сол бибер и мешан зачин измесете го убаво и формирајте мали ќофтиња.
Компирот излупете го и ставете во малку солена вода да се свари, но да не се превари. Потоа исечете го на поголеми коцки.
Водата во која се вареше компирот ставете ја на оган. Доколку е малку додадеете уште да зоврие и ставете ги кофтињата да се варат десетина минути, а потоа извадете ги на чинија.
Кромидот исечете ги на ситни коцки и лукот, па во загреано масло попржете го додатете и сецкан морков на коцки или кругови и динстајте за омекне малку. Додадете го брашното попржете малку, па црвениот пипер потоа веднаш додадете ги доматите претхотно изрендани, доматното пире, компирот и ќофтињата, зачинете и налејте вода. Можете и да додадете и магданос. Оставете така да вари околу половина час доколку е потребно додадете уште вода во текот на варењето во зависност колку сакате да е густа чорбата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови