Испечати

Чорба со компир и ќофтиња

Чорба со компир и ќофтиња

Состојки

  • 300 гр мелено месо
  • 6 средни компири
  • 2 моркови
  • 3 домати
  • 2 главици кромид
  • 4 чешчиња лук
  • 2 лаж доматно пире
  • 2 лаж брашно
  • 1 лаж црвен пипер
  • по потреба сол ,бибер ,мешан зачин
  • по потреба масло и вода

Подготовка

Подготовка

Меленото месо зачинете со сол бибер и мешан зачин измесете го убаво и формирајте мали ќофтиња.

Компирот излупете го и ставете во малку солена вода да се свари, но да не се превари. Потоа исечете го на поголеми коцки.

Водата во која се вареше компирот ставете ја на оган. Доколку е малку додадеете уште да зоврие и ставете ги кофтињата да се варат десетина минути, а потоа извадете ги на чинија.

Кромидот исечете ги на ситни коцки и лукот, па во загреано масло попржете го додатете и сецкан морков на коцки или кругови и динстајте за омекне малку. Додадете го брашното попржете малку, па црвениот пипер потоа веднаш додадете ги доматите претхотно изрендани, доматното пире, компирот и  ќофтињата, зачинете и налејте вода. Можете и да додадете и магданос. Оставете така да вари околу половина час доколку е потребно додадете уште вода во текот на варењето во зависност колку сакате да е густа чорбата.