Чоко- карамел коцки
Превкусен, здрав десерт. Вистинско уживање за непце
1. Основа- Урмите ги ставаме во жешка вода да стојан 20 тина минути. Во блендер ги ставаме овесните снегулки, ги блендираме. Ги додаваме кикириките, какаото и исцедените урми. Блендираме. Во смесата додаваме помалку од водата во која стоеја урмите и блендираме. Ќе ја проверите смесата, не треба да биде сува, да може да се обликува ( јас ставив околу 5-6 лажици вода ). Смесата ја ставаме во кружен силиконски калап со дијаметар 20 цм, може и во правоаголен .
2. Карамел- во длабок сад ги ставаме путерот од кикиритки, кокосовиот крем и медот. Мешаме со метална жица да се соединат состојките. Карамелот го ставаме врз основата. Оставаме во фрижидер.
3. Чоколаден фил- Во длабок сад над пареа го топиме чоколадото заедно со кокосовото масло. Чоколадниот фил го ставаме врз карамелот. Оставаме во фрижидер да се зацврсти.
Лиценца: Сите права се задржани