Рецептот е од страната на Миња Б.го видов и секако веднаш во акција.
Од дадените состојки се замесува тесто и се остава да стаса.
Стасаното тесто се сука во круг и се премачкува со маргарин. Се засекува од сите страни (како на сликата) и секој дел се преклопува кон средината. Така се остава да отстои 15 минути и постапката се повторува уште еднаш. На крај тестото се сука во правоаголник и се сече на 8 дела(коцки). На секој дел се става чоколадо и се преклопува како на сликата.
Се редат чоколатините во плех со преклопената страна надоле и се остават околу 30 минути да одморат. Се премачкуваат со разматено јајце и се печат на 200 степени околу 25 минути.
Нешто слично на кроасани прекрасно...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани