Подготовка на бисквитот
1. Жолчките се матат со шеќерот.
2. Во нив се додава растопениот маргарин и чоколадо.
3. Потоа брашното измешано со печивото во сад настрана и се додаваат во смесата со јајца и растопен маргарин
4. На крајот се додаваат матените белки кои претходно сме ги изматиле во сад настрана и се промешува со дрвена лажица.
5. Се пече во тавче со димензии 20 х 35цм на 180°Ц околу 20 мин, зависи од рерната. Со чепкалка за заби се проверува дали е печен бисквитот.

Подготовка на кремот
1. Слатката павлака, чоколадото и шеќерот се загреваат на тивок огин повремено промешувајќи, додека не проврие.

Филување на бисквитот :
Печениот бисквит се избоцкува со вилушка насекаде и додека сеуште е топол бисквитот се прелива со топлиот крем. Кремот е доста редок, но не треба доополнително да се мати со миксер или пак било што да се додава, бидејќи по неколку часа ќе се стегне. Прво се лади наколку часа на собна температура, а потоа уште неколку во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани