
15
фев
2021
Чоколадни комети
Брзи вкусни и ароматични колачиња. А името е име додадено од ќерка ми.
1. Во сад се ставаат мелените бисквити, оревите и шеќерот. Во нив се додава сокот и кората од портокал. Убаво се изедначува смесата. Ако е сува смесата се додава растопен маргарин. Се сука кора со дебелина на 1см. И се сечат со модла срце колачи. Се сече срцето на половина и се добиваат 2 половинки од срцето.
2. Се прави глазурата се потопуваат во чоколадо и се оставаат да оладат. Се декорираат со растопено чоколадо-капки во боја.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани